Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Словенија подготвена да ги користи сите вакцини одобрени од ЕМА

Словенија подготвена да ги користи сите вакцини одобрени од ЕМА
Img 7972

Словенечкиот премиер Јанез Јанша вели дека земјата ќе биде подготвена да набави и други достапни вакцини против коронавирус, покрај оние што веќе ги користи, но само доколку тоа го одобри европскиот регулатор на лекови.

„Во Словенија ќе ги користиме сите вакцини против Ковид-19, кои се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) како ефикасни и безбедни, вклучувајќи одобрување од националниот регулатор, па и руски, индиски и кинески“, напиша Јанша на неговиот твитер-профил.

До оваа недела во Словенија се користеа вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ за имунизација, а на почетокот на оваа недела започна вакцинацијата со вакцината на „Астразенека“, според „Хина“.

Владата во средата објави дека заштитила 2% од населението за еден и пол месец вакцинација против Ковид-19 и дека планира да го зголеми тој процент на 5% до крајот на месецот, односно да имунизира околу 100.000 луѓе.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот