Утрински Весник
Македонија

Словенечките пожарникари распоредени во Берово, помош најави и ЕУ

Словенечките пожарникари распоредени во Берово, помош најави и ЕУ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Словенечките пожарникари се веќе во Берово, каде што се распоредени да помогнат во гаснењето на пожарите во регионот, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на својот профил на „Фејсбук“.

Во земјата се пристигнати 16 противпожарни возила и 46 пожарникари од Словенија за да помогнат во гаснењето на пожарите.

Помошта од Словенија се реализира по телефонскиот разговор меѓу министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и нејзиниот словенечки колега Матеј Тонин.

„Се надевам дека ќе ги скротите огновите што е можно побргу“, ѝ напишал министерот Тонин на Шекеринска информирајќи ја за брзата реакција на сојузничката земја, соопштија од Министертсвото за одбрана.

Шекеринска на „Фејсбук“ напиша дека се зголемува и ангажманот на Армијата во регионот на Делчево и Пехчево – 400 припадници на Армијата во моментот го гаснат пожарот кај селата Истевник, Робово и Умлена.

Денеска, и Јанез Ленарчиќ, шефот на европската Комисија за управување со кризи, најави дека Унијата ќе испрати помош од возила и капацитети што ќе помогнат со справувањето на пожарите на територијата на земјава, но и во Грција.

„Помошта доаѓа од Шведска, Франција, Австрија, Бугарија и од сателитите за набљудување на ЕУ“, напиша Ленарчиќ.

Можете да прочитате

Зајкова за новиот Кривичен законик: Се враќаме во времето на Маневски

ВМРО-ДПМНЕ: Стари кадри од време на Заев, Филипче ги претставува како нови лица

Левица: Ќе доставиме докази до ДКСК за Томовски и фирмата „Сити Аутсорсинг”