Утрински Весник
Македонија

Словенечките медиуми за ратификацијата на Протоколот за НАТО

Словенечките медиуми за ратификацијата на Протоколот за НАТО

Љубљана, 11 февруари 2020 (МИА) – Словенечките медиуми детално известуваат за синоќешното ратификување на Протоколот за членство во НАТО. Телевизија Словенија во текст со наслов „Северна Македонија со словенечка помош го ратификуваше протоколот за НАТО” акцент става на присуството на претседателот на словенечкото Собрание Дејан Жидан.

Телевизијата известува дека покрај поддршката, која Словенија и ја дава на Северна Македонија за нејзиното членство во НАТО и почетокот на преговорите со Европската унија, Жидан со властите во Скопје разговарал и за подобрување на и онака добрите економски односи меѓу двете земји.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, за ратификацијата на протоколот објави и ПОП ТВ. Во извештајот се наведува дека по ратификацијата на Протоколот, единствена пречка за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО е Шпанија, која се очекува набрзо да го ратификува протоколот по што целата процедура ќе се затвори. Телевизијата, исто така, објави дека речиси сите пратеници гласаа “За” ратификацијата. ав/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”