Утрински Весник
Македонија

Словенечките медиуми за распуштањето на Собранието и разрешувањето на Мизрахи

Словенечките медиуми за распуштањето на Собранието и разрешувањето на Мизрахи
Ss2

Љубљана, 17 февруари 2020 (МИА) – Повеќето словенечки телевизии и интернет портали информираа за случувањата во Собранието и неговото распуштање.

Дневник во текст со наслов „Македонското Собрание се распушти пред предвремените избори” пишува дека ваквата одлука доаѓа по оставката на поранешниот премиер Зоран Заев.

Ss1

– Решението да со оди на предвремени парламентарни избори доаѓа по одлуката на Европската Унија да не даде „зелено светло” за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија, што беше резултат на блокадата од Франција, напиша Дневник.

Државната Телевизија Словенија во извештајте посебен акцент даде на разрешувањето на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

– Македонската министерка е разрешена откако одржа прес-конференција пред табла со старото име на својата државата – информираше Телевизија Словенија. ав/цр

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

(ВИДЕО) Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90%

Рамадани: Пендаровски има голема заслуга за напредокот на државата

Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев