Утрински Весник
Свет

Словенечките здравствени власти најавуваат повторно затворање на земјата

Словенечките здравствени власти најавуваат повторно затворање на земјата
Dik 300x250 mk

Директорот на словенечкиот институт за јавно здравје, Милан Крек, изјави дека експертскиот тим не сака земјата повторно да се затвори поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус, но дека тоа ќе мора да се направи доколку нема друго решение.

Тој за словенечката Н1 рече дека затворањето е итен излез за вонредни ситуации.

Во последните три дена во Словенија, значително е зголемен бројот на нови случаи на Ковид-19, како и бројот на хоспитализирани, а Крек објаснува дека сите показатели укажуваат на зголемување на ширењето на инфекцијата.

„Доколку граѓаните не ги послушаат нашите совети, ќе се најдеме во слична ситуација како и минатата година, а според пресметките на институтот Јожеф Стефан, ситуацијата е дури и полоша“, рече Крек.

Како што кажа тој, експертскиот тим не сака да се затворат училишта или факултети, како и компании, туку дека тоа ќе се случи доколку се процени дека ситуацијата не може да се држи под контрола.

Според него, затворањето на државата е економски проблем што може да се поправи со кредити.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил