Утрински Весник
Свет

Словенечкиот парламент денеска ќе гласа за мандатарот на идната влада, Роберт Голоб

Словенечкиот парламент денеска ќе гласа по предлогот за назначување на Роберт Голоб за мандатар на новата влада, што е прв чекор кон формирањето на извршната власт во земјата по изборите одржани на 24 април.

Голоб вчера го потпиша однапред усогласениот коалициски договор меѓу неговата партија „Движење Слобода“ со Социјалдемократите на Тања Фајон и Левицата на Лука Месец, изјавувајќи дека предвидените процедури за формирање и почетокот на работата на новата влада ќе бидат завршени веќе наредната седмица.

По потпишувањето на коалицискиот договор Голоб рече дека брзо биле усогласени целите на работењето на новиот кабинет, но посочи дека со оглед на брзите промени на околностите во иднина ќе биде неопходно постојано прилагодување.

„Знаеме каде сме и каде сакаме да одиме, ќе реагираме на околностите“, рече идниот премиер, наведувајќи ги притоа мерките поврзани со поскапувањето на енергијата и на храната и здравствените мерки со оглед на можен нов бран на Ковид-19 наесен.

Се очекува Голоб на собраниската седница да каже повеќе за акцискиот план на идната влада.

Можете да прочитате

Пpeд конклавата во Рим исполнети 90 отсто од сместувачките капацитети

Најмалку 57 лица починаа од глад во Газа, главно деца

Силен земјотрес го погоди индонезискиот остров Сулавеси