Утрински Весник
Свет

Словенечкиот државен врв се вакцинира со вакцината на „Астразенека“

Словенечкиот државен врв се вакцинира со вакцината на „Астразенека“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Словенечкиот државен врв ја прими вакцината на „Астразенека“ со цел да ја врати довербата на граѓаните во вакцината, еден ден откако Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека станува збор за ефикасна и безбедна вакцина за употреба.

Претседателот Борут Пахор, премиерот Јанез Јанша, претседателот на парламентот Игор Зорчиќ и претседателот на Државниот совет Алојз Ковча беа јавно вакцинирани и заедно ја примија вакцината во Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).

Со вакцината на „Астразенека“ се вакцинираше и францускиот премиер, Жан Кастекс, во директен пренос, со цел враќање на довербата на граѓаните.

Голем број европски земји објавија дека повторно ќе продолжат со употреба на вакцината на „Астра зенека“ откако европското регулаторно тело за лекови објави дека таа е безбедна и ефикасна.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Само три инспекции за 10 години: Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека ги исполнувал сите стандарди

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични

128 новинари и медиумски работници се убиени во светот минатата година