Утрински Весник
Свет

Словенец повеќепати вакциниран наместо други доби 10 месеци затвор

Словенец повеќепати вакциниран наместо други доби 10 месеци затвор

Човек кој во Словенија се вакцинирал против Ковид-19 во име на други лица во период од два месеца за тие да добијат лажни ковид-сертификати, е осуден на 10 месеци затвор за измама, додека четворица мажи кои му платиле за ваквата услуга се парично казнети.

Ова е пресудата на Основниот суд во Крањ, кој донесе пресуди за сите инволвирани во измамата, кои и натаму не се правосилни, а многумина се прашуваат дали судот постапил праведно, јавуваат словенечките медиуми.

Човекот кој минатата година шест пати бил вакциниран за други е осуден на затворска казна, а бил откриен кон крајот на декември додека се обидувал да ја прими седмата доза и веднаш му бил одреден притвор.

Нарачателите на услугата, иако осудени за измама, поминале без затвор, па двајца се казнети со 2.550 евра, а двајца со по 1.360 евра.

Претставници на здравствениот дом Крањ, каде што бил откриен обидот за седма измама, за љубљанско „Дело“ изјавиле дека таквиот судски епилог им се чини трагичењн, затоа што човек од маргините и со финансиски потешкотии е осуден на затворска казна, а оние кои всушност го искористеле поминале подобро и без затворска казна.

 

 

Можете да прочитате

Штабот на Трамп побарал воени авиони и противракетна заштита на неговите митинзи поради можен атентат од страна на Иран

Скопје во декември домаќин на Европското првенство во брз и блиц шах

Ова се петте причини зошто борбените авиони се толку скапи