Утрински Весник
Свет

Словачка со најголем број на нови случаи од почетокот на пандемијата

Словачка со најголем број на нови случаи од почетокот на пандемијата

Во Словачка се потврдени 15.278 нови случаи на Ковид-19, што е најголем број новозаразени во еден ден од почетокот на пандемијата, покажуваат денешните податоци на Министерството за здравство.

Словачка, која има околу 5,5 милиони жители, има 3.404 хоспитализирани пациенти со Ковид, од кои 630 се на интензивна нега, пренесува Ројтерс.

Словачка има една од најниските стапки на вакцинација во Европската унија.

Можете да прочитате

ИЕА договори ослободување на уште 100 милиони барели нафта и деривати од резервите

Австриската влада потроши 5,8 милиони евра за рекламирање во првата половина од годината

Над пет милиони луѓе во Италија живеат во апсолутна сиромаштија