Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Следува потоп – научниците со предупредување за климатските промени

Следува потоп – научниците со предупредување за климатските промени
300x250 opst2

На Европа и се закануваат големи поплави, како оние што неодамна ги погодија Германија и Белгија, а опасноста од излевање е зголемена за девет пати, предупредија научниците.

Најмалку 190 луѓе загинаа во големите поплави во западна Германија во јули, додека 38 лица загинаа во Белгија.

Научниците предупредуваат, во неодамна објавената студија, дека ќе има се повеќе такви поплави, а како причина ги наведуваат климатските промени, пренесуваат агенциите.

Научниците ги анализираа претходните податоци за времето и со помош на компјутерски симулации, ја споредија денешната клима, во која температурите во просек се повисоки за 1,2 степени Целзиусови, со претходните податоци.

Тие се фокусираа на количината на врнежи во текот на денот и открија дека двата најтешко погодени региони во Германија и Белгија се соочија со невообичаени високи нивоа на врнежи во јули.

„Климатските промени ги зголемија шансите за поплави, но тие го зголемија и нивниот интензитет“, рече Франк Крајенкамп од германската метеоролошка служба.

Фридрих Ото, климатолог и директор на Институтот за промени во животната средина на Универзитетот Оксфорд, рече дека поплавите покажале дека дури и развиените земји не се безбедни од силните ефекти на екстремните временски услови што се влошуваат поради климатските промени.

“Тоа е итен глобален предизвик и ние треба да се соочиме со него. Науката е јасна за тоа со години”, вели тој.

Анализирајќи ја матрицата на врнежи низ Западна Европа, научниците дојдоа до проценка на веројатноста кога може да настанат големи поплави.

Според нивните наоди, големи поплави како онаа во западна Германија може да погодат било која област на секои 400 години со моменталните временски услови.

“Поплавите во Германија беа редок настан. Од друга страна, можноста тие да се случуваат почесто се зголемува, и таа можност ќе биде поголема во иднина”, вели Мартин ван Алст, директор на Климатолошкиот центар на Црвениот крст.

Резултатите од студијата треба да бидат аларм за луѓето, вели ван Алст, додавајќи дека треба да се зголеми подготвеноста за борба против поплавите, како и воведување систем за рано предупредување.

Можете да прочитате

Екс кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција

Во Белгија приведени осум лица при истрага за меѓународна пирамидална шема за измами

Орбан: Без руска енергија, унгарската економија ќе пропадне