Утрински Весник
Сцена
300x250 opst2

Слаткаристика ветува одлична забава на фестивалот „Мозаик“ во СЦ „Борис Трајковски“

Слаткаристика ветува одлична забава на фестивалот „Мозаик“ во СЦ „Борис Трајковски“
300x250 opst2

Скопје, 25 февруари 2020 (/) – По првпат на 28 февруари во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржи фестивалот „Мозаик 2020“ под мотото „Затоа што заедно сме посилни“.

Миленикот на хип хоп заедницата и еден од најпознатите македонски музички артисти – Слаткаристика во видео порака ветува одлична забава на фестивалот.

Во А1 Арена „Борис Трајковски“ ќе се слушаат песните „Да полетам“, „Дијаманти“, „Марадона“, „Тик Так“ и многу други од мозаикот на хитови на добропознатиот хип хоп артист.

На 28 месецов во А1 Арена „Борис Трајковски“ покрај Слаткаристика ќе настапат и Нокаут, Сам, Ферус Мустафов, Владо Јаневски и Елита 5.

Картите по цени од 150 и 200 денари, може да се набават во продажната мрежа на МК Тикетс. мс/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка