Утрински Весник
Македонија

Славјанка Петровска: Македонските граѓани стојат во солидарност со граѓаните на Украина

Славјанка Петровска: Македонските граѓани стојат во солидарност со граѓаните на Украина

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, ја осуди воената агресија на Русија, коментирајќи дека македонските граѓани се солидарни со Украинците.

Петровска и американската амбасадорка, Брнс денеска беа заедно во касарната Илинден, каде го поздравија завршувањето на заедничката обука на поморските специјални сили на САД, ренџерскиот баталјон и баталјонот за специјални сили на Армијата на Република Северна Македонија.

„Ова го покажува нашето силно заедништво и сојузништво, што е особено важно сега кога Русија грубо го нападна територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.
Остро ја осудуваме воената агресија на Русија врз Украина и стоиме единствени со сојузниците во НАТО во повикот кон Русија да прекине со воените дејствија кои се закана за безбедноста на Европа. Македонските граѓани стојат во солидарност со граѓаните на Украина“, рече Петровска.

Министерката додаде дека безбедноста на нашата земја е гарантирана, а јавноста треба да биде сигурна дека државниот врв будно ги следи состојбите и ги превзема сите мерки за гаранција на безбедноста.

Можете да прочитате

Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов

Тошковски: Драстично е намален бројот на жртви во сообраќајки откако почна пробниот период на „Безбеден град” во Скопје