Утрински Весник
Магазин

Славната делфинка Винтер угина во морскиот аквариум Клирвотер

Славната делфинка Винтер угина во морскиот аквариум Клирвотер

Винтер, делфинката со уникатна протетичка опашка од филмскиот серијал Dolphin Tale, угина во средата вечерта во аквариум во Флорида и покрај напорите да ѝ се спаси животот во лекувањето на гастроинтестинална абнормалност, соопштија претставници на аквариумот.

„16-годишната женка делфин угина во рацете на експерти за нега на животни кои ја подготвуваа за процедура во морскиот аквариум Клирвотер, каде што славната Винтер долго време престојуваше,“ се наведува во соопштението.

„Иако сме скршени од тага поради смртта на Винтер, единствена утеха е тоа што знаеме дека нашиот тим направи сè што е можно за да ѝ пружи најдобра шанса за преживување“, наведе ветеринарката Др. Шели Меркарт во соопштението објавено од аквариумот.

Меркарт нагласува дека аквариумот работел со специјалисти и експерти за морски цицачи од целата земја, но делфинот бил во критична состојба и со намалени витални знаци. Угинал додека негователите го подготвувале за процедура.

 

Во соопштението се вели дека аквариумот ќе остане затворен во петок за да се обезбеди време на персоналот да тагува.

Илјадници луѓе од целиот свет испратиле пораки откако ја слушнале тажната вест.

Вистинитата приказна за Винтер, нејзиното чудесно спасување и заздравување, беше инспирација за филмот „Делфинска приказна“, во кој таа се спријателува со 11-годишно момче Соер.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста