Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Скорсезе: Стриминг-алгоритмите ги оштетуваат филмовите

Скорсезе: Стриминг-алгоритмите ги оштетуваат филмовите
300x250 opst2

За многумина заглавени дома во самоизолација, стриминг-услугите го одржуваа филмското искуство во живот, нудејќи безбедна алтернатива додека киносалите остануваат затворени.

Но, филмскиот режисер Мартин Скорсезе не е таков фан. Во есеј за списанието „Харперс базар“, тој предупредува дека киното се обезвреднува и омаловажува со тоа што се става под терминот „содржина“.

На тема „Стриминг-платформите цветаат во текот на локдаун“ тој конкретно го критикува недостатокот на курирање на стриминг-платформите, и нагласува дека алгоритмите, кои даваат препораки засновани врз индивидуални или колективни навики за гледање, ја оштетуваат уметничката форма и „го третираат гледачот како потрошувач и ништо друго“.

Не е прв пат Скорсезе, култниот режисер зад класиците „Таксист“,„Ловец на елени“, „Разгневениот бик“, „Добри момци“…, да се изјасни против состојбата во филмската индустрија. Во 2019 година, тој предупреди на зависноста на мултиплексот од филмови со суперхерои, споредувајќи ги филмовите на „Марвел“ со возења во тематски паркови.

Мартин Скорсезе, режисер, сценарист, продуцент, важи за еден од најзначајните и највлијателни филмаџии во историјата на кинематографијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Четири хороскопски знаци ѝ се враќаат на старата љубов оваа есен: Судбоносната средба само што не се случила

Време е за киселата зелка: Како да знаете колку сол е доволно?

Македонско ремек-дело: „Тигрите” во новиот патриотски филм на Ѓоко Јовиќ