Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Скопје со најмногу активни случаи на КОВИД-19, најголем дел се во Чаир и Сарај

Кумановци, тетовци и прилепчани од денеска задолжително со маска, марама или шал
300x250 opst2

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) – Најмногу активни случаи на болни од КОВИД- 19 има во Скопје, по што следуваат Тетово, Штип, Куманово и Велес. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека во земјава моментално има вкупно 606 активни случаи. Од нив, 298 се во Скопје, 83 во Тетово, 68 во Штип, 55 во Куманово и 27 во Велес.

Од општините во Скопје и скопско најмногу активни случаи се евидентирани во Чаир, Сарај и Бутел. Во Чаир има 73 случаи, во Сарај 44, во Бутел 37, а по триесетина случаи или поточно 33 има и во Аеродром и 31 случај во Гази Баба.

Во Студеничани и Карпош, според последните податоци на ИЈЗ, регистрирани се 13 активни случаи, во Кисела Вода 11, во Илинден, Шуто Оризари и Ѓорче Петров 9, во Центар 8, во Петровец 4 и во Арачиново и Сопиште по два активни случаја. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што секоја фирма може да добие тендер говори дека институциите се слободни, а постапките транспарентни, а не наместени како со СДС

Николоски: Наскоро ќе биде избран изведувач за изградба на автопатот Кичево – Букојчани

Коалиција за зелена иднина: Претепувањето на советникот во Виница е удар врз достоинството и изборното право на Ромите