Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за лице поради 4 кражби.
Кражбите биле извршени во периодот од март до октомври, а Обвинителството бара продолжување на притворот поради опасност од бегство.
На 12.03 во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, со провалување во затворени простории, обвинетиот одзел 15.000 денари од продавницата за свеќи.
На 08.07, заедно со друго непознато лице, пресретнале еден оштетен во Градскиот трговски центар и му побарале пари. Кога оштетениот им дал пари, а остатокот го вратил во џебот, обвинетиот го фатил за раката и му ги одзел и преостанатите 1.000 денари.
На 24.09, на Зелен пазар, обвинетиот се обидел на дрзок начин да одземе предмет – златен ланец. Заедно со уште едно непознато лице на оштетената и пришле од зад грб, започнале да ја тегнат за вратот и блузата со намера да и го земат ланчето, но таа успеала да ги оттргне.
На 05.10 во маркет на булеварот „Партизански одреди“ обвинетиот се обиде да одземе пари од дневниот промет. Кога влегол во маркетот ја забележал вработената ако реди роба на еден од рафтовите, а тој се упатил кон касата за да ги земе парите. При обидот бил забележан од вработената, која започнала да вика, па обвинетиот го напуштил маркетот без да ја реализира намерата.