Утрински Весник
Македонија

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била пронајдена 59-годишна жена со иницијали В.М.

Полициски службеници излегле на местото при што било констатирано дека околу 30 минути по полноќ, на 2 август, В.М. најпрво била пронајдена со повреди во селото Волково, по што била пренесена во болницата „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Таа самостојно ја напуштила болницата, не сакајќи да пријави дека била малтретирана од нејзинот 36-годишен син (П.М), но набргу по излегувањето од болницата починала.

По наредба на јавен обвинител телото било предадено за обдукција.

Можете да прочитате

Дали „Арена“ емитува законски во Македонија? ММА и МРТ обвинуваат, АВМУ демантира

Нова афера во МВР: За 1.400 евра до лажна возачка дозвола?

Жештина од Африка и песок од Сахара: Што нè очекува за продолжениот викенд