Утрински Весник
Македонија

Скопјанец пријавил дека четири лица пукале кон неговата куќа во Чаир

Кривични за двајца тетовчани кои недоразбирањата ги разрешувале со пиштол и нож

Синоќа, околу 15 минути по полноќ скопјанецот А.К. пријавил дека на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, кон неговата куќа било пукано со огнено оружје од страна на четири лица со иницијали М.Р., Е.Ф., Е.Ф. и Е.З., сите од Скопје.

Според пријавеното, од пукањето нема повредени лица, а оштетен бил неговиот автомобил „рено“, со скопски регистарски ознаки.

Полициски службеници излегле на местото и извршиле увид, при што биле пронајдени и подигнати пет чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законска основа

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Мицкоски: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО