Утрински Весник
Македонија

Скопјанец погоден со дијабола од воздушна пушка додека се движел по улица во Центар

Скопјанец погоден со дијабола од воздушна пушка додека се движел по улица во Центар

Скопјанец бил погоден со дијабола од водушна пушка додека се движел пред Олимписки базен во Центар.

Според информациите на МВР,  Б.М.(41) од Скопје вчера пријавил дека на 27.09. околу 23.45 часот, додека се движел со велосипед пред Олимписки базен во Центар, почувствувал болка во рамото.

Тој се упатил во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде од рамото му извадиле дијабола од воздушна пушка.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Турски држајванин паднал од балкон од зграда во Карпош

Малолетник удрен од автомобил во Скопје

Министерот Перински во работни посети на Свети Николе и Чешиново – Облешево со фокус на локалниот развој