По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе oбвинителен акт за 37-годишно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
На 14 октомври, при претрес во домот на обвинетиот во Драчево, полицијата пронашла опојна дрога – марихуана со вкупна нето маса од 51,61 грам, спакувана во 10 зипер вреќички и во една најлонска ќеса. Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на пртетходно определената мерка притвор за обвинетото лице, ценејќи дека и натаму постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.