Утрински Весник
Македонија

Скопјанец без дозвола изградил угостителски објект на плажа во Струга

Скопјанец без дозвола изградил угостителски објект на плажа во Струга

Управител на хотел во Струга без дозвола изградил угостителски објект иако знаел дека рокот за закуп на земјиштето е истечен.

„ Пријавениот К.Б., како управител и одговорно лице во правното лице, иако знаел дека договорот за закуп и користење на плажа во близина на Струга, склучен помеѓу правното лице и Министерството за транспорт и врски бил изминат, по што требало земјиштето да го врати во сопственост и во владение на Република Северна Македонија, без одобрение за градење во текот на јуни 2020 изградил угостителски објект и без решение извршил реконструкција на постоечки објект. Тој, исто така, со пријавениот Д.Г. склучил договор за закуп на наведеното земјиште и објект за рок од 04.05.2020 до 04.05.2022 година“ соопшти МВР.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Б.(58) од Скопје и правно лице – хотел од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „бесправно градење“ и против Д.Г.(37) од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Можете да прочитате

Падна одлука: Ќе се враќа оградата на Владата

Колку новата влада води сметка за другите етнички заедници како што е турската?

Жената врз која падна дрво во Скопје не е во загрозувачка состојба