Македонскиот музичар Мухамед Ибрахими ќе настапи вечерва во 20 часот на „Школка“ во рамки на третото издание на „Скопски градски фестивал“.
Во програмата предвидена е и промоција на новиот албум на македонскиот рок состав „Code 369“, насловен „Стадиуми на љубовта“, а ќе настапи и белградскиот ар’ен’би состав „Texas Flood“, предводен од Ненад Златановиќ (Mr. Swagger).
Концертите на 6 мај на Школка ќе бидат бесплатни за публиката.
Скопски Градски Фестивал е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје.
Текстот Скопски градски фестивал: Мухамед Ибрахими, „Code 369“ и „Texas Flood“ вечерва на „Школка“ е превземен од МАКФАКС.