Утрински Весник
Магазин

Скопската зоолошка градина доби три бебиња – камилата Буби, лемур и лама

Скопската зоолошка градина доби три бебиња – камилата Буби, лемур и лама

Од Зоолошка градина Скопје денеска соопштија дека се родило бебе – двогрба камила.

„За првпат имаме бебе од видот двогрба камила (Бактријан) кое се роди пред една недела. Малиот Буби одлично напредува, постојано е со неговата мајка Мираи, а со таткото Карлос во надворешното живеалиште ќе бидат заедно за околу една недела. Тогаш и сите посетители ќе имаат можност да го видат ова најубаво бебе“, наведоа од Зоолошка градина Скопје.

Претходно неделава во Зоолошката градина се родија и лама и лемур.

Можете да прочитате

Нострадамус ја предвидел вештачката интелигенција? Пророштво старо 500 години повторно ја вознемири јавноста

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Детали за турнејата на Оејзис во 2027