Утрински Весник
Магазин

Скандал по финалето: „Дали зад сцената шмркаше кокаин?“ – новинар го праша победникот на Евровизија

Скандал по финалето: „Дали зад сцената шмркаше кокаин?“ – новинар го праша победникот на Евровизија

Претставникот на Италија, Дамијано Дејви се најде во центарот на скандал, кога на прес-конференција по победата го прашаа дали шмркал кокаин зад сцената.

Тој рече дека не користи наркотични средства, а сега се појави видео од наводната консумација на кокаин.

Од победничкиот бенд на нивниот официјален профил на Инстаграм напишаа дека немаат што да кријат и дека се подготвени да бидат тестирани доколку е потребно.

„Навистина сме шокирани што некои луѓе велат дека Дамијано користел дрога. Ние сме против дрога и никогаш не сме користеле кокаин. Подготвени сме да бидеме тестирани затоа што немаме што да криеме. Тука сме да ја претставиме нашата музика и среќни сме што победивме. Сакаме да им се заблагодариме на сите што не поддржаа. Рокенролот е мртов. Ве сакаме”, се вели во објавата.

Можете да прочитате

Мачките никогаш не треба да ги храните со овие намирници

Дневен хороскоп за 03 март 2026

Дневен хороскоп за 02 март 2026