Утрински Весник
Свет

Скандал во Данска-Шефот на военото разузнавање во притвор, обвинет е за предавство

Скандал во Данска-Шефот на военото разузнавање во притвор, обвинет е за предавство

Началникот на данската воена разузнавачка служба, Ларс Финдсен, доби мерка притвор поради неговата вмешаност во случај кој вклучува протекување строго доверливи информации, објавија локалните медиуми.

Четворица поранешни и активни членови на две дански разузнавачки служби беа приведени во декември, минатата година, поради протекување на строго доверливи информации, објавија медиумите.

Иако тројца разузнавачи во меѓувреме се ослободени од притвор, тие се уште се под истрага.

Не е јасно колку време Финдсен ќе биде задржан во притвор, а јавното обвинителство одби да го коментира случајот.

Данските медиуми наведуваат дека, меѓу другото, Финдсен се товари по многу сериозна одредба од Кривичниот законик, која спаѓа во категоријата „предавство“.

Одредбата се однесува на оддавање државна тајна, а му се заканува казна затвор до 12 години.

Можете да прочитате

Трамп од прославата на 250 години независност: Америка влегува во нова златна ера

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска