Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Скандал во Аргентина поради вакцинирање на ВИП-личности

Скандал во Аргентина поради вакцинирање на ВИП-личности
Img 7972

Во Аргентина избувна скандал со вакцинирање на познати луѓе откако министерството за здравство објави список од 70 лица кои незаконски примиле вакцина против коронавирусот.

На списокот се наоѓаат претседателот Алберто Фернандез и членовите на неговиот кабинет, како и министерот за економија Мартин Гузман, аргентинскиот амбасадор во Бразил, поранешниот претседател Едуардо Дуалде, неговата сопруга и нивните деца и официјални лица кои не се меѓу приоритетите за првите 1,8 милион дози вакцина.

Приоритети за добивање на вакцината се здравствените работници и луѓето постари од 70 години во внатрешноста на земјата и постарите од 80 години во Буенос Аирес.

Скандалот избувна кога новинар на радио рече дека поради неговото пријателство со поранешниот министер за здравство Гинес Гонзалес Гарсија, кој морал да си даде оставка, тој бил вакциниран во просториите на министерството, додека болницата во Буенос Аирес добила 3.000 дози вакцина.

Против поранешниот министер за здравство се покренати околу 13 тужби, а новата министерка Карла Визоти негира постоење на вакцина за ВИП-личности во рамките на министерството.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку еден ученик загина при уривање на училиште во Индонезија

Жена од Калифорнија доби отштета од 17 милиони долари за брутално приведување

Арапски, муслимански и европски држави го поздравија планот на Трамп за Газа