Утрински Весник
Свет

Си-Ен-Ен: Путин е подготвен да преговара

Си-Ен-Ен: Путин е подготвен да преговара

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за Си-Ен-Ен дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да преговара, додавајќи дека кризата во Украина е само дел од безбедносните грижи на Русија.

„ Прво, претседателот Путин секогаш инсистирал на преговори и дипломатија. Всушност, тој го покрена прашањето за безбедносните гаранции за Руската Федерација, а Украина е само дел од проблемот. Тоа е дел од поголемиот проблем со руските безбедносни гаранции и претседателот Путин е подготвен да преговара“ рече Песков.

Претходно, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров му рече на Путин дека гледа можност за дипломатски дијалог со Западот за безбедносните грижи на Русија и препорача таквите напори да продолжат.

Можете да прочитате

Поплави во Банкок, прогласена природна катастрофа

Британски планинар (28) паднал од врв во Шпанија и починал

Бразил воведува целосна забрана за онлајн обложување