Утрински Весник
Свет

Сијарто: Унгарија е посветена на помагање во борбата против тероризмот

Унгарија продолжува да го поддржува Западен Балкан на патот кон ЕУ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска ги отвори новите простории на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против тероризмот (УНОКТ) и Агенцијата за бегалци (УНХЦР) во Будимпешта, велејќи дека Унгарија е посветена на обезбедување помош во борбата против тероризмот.

„Раното откривање и спречување денес се поважни во борбата против тероризмот од кога било порано, рече Сијарто, објави унгарската агенција МТИ.

Според него, УНОКТ е главен актер во борбата против меѓународниот тероризам и многу придонесува за одржување на безбедноста и мирот низ целиот свет.

Со отворање на регионален центар во Будимпешта, УНОКТ и даде важна улога на Унгарија во глобалната борба против тероризмот, рече унгарскиот министер.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Француските земјоделци го блокираа Париз со трактори 

Трамп го кани претседателот на Колумбија во Белата куќа

Пукање пред црква во САД, две лица се убиени