Утрински Весник
Економија

Сијарто: И други плаќаат за рускиот глас во рубли, но не зборуваат отворено за тоа

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека повеќето западноевропски компании кои увезуваат гас во ЕУ го плаќаат рускиот природен гас во рубли, во согласност со барањата на Русија и добавувачите.

„Не е точно дека другите го отфрлија ова, тие се само помалку отворени по однос на ова прашање“, рече Сијарто, апелирајќи до медиумите да не зборуваат за тоа дека Унгарија ја нарушува заедничката европска позиција со тоа што се согласи на таква трансакција.

Компаниите кои увезуваат природен гас од Русија отвораат сметки во „Гаспромбанк“, што не е предмет на санкции, рече Сијарто за време на посетата на унгарското малцинство во Словенија.

Можете да прочитате

ДДВ за горивата се намалува на 10%

Миноски: Итно намалување на ДДВ и акцизи – без тоа следува ценовен шок

Битиќи: Кризата со нафта како алатка за полнење на Буџетот?