Утрински Весник
Свет

Ситуацијата со Навални закана за консултациите на Чешка и Русија

Ситуацијата со Навални закана за консултациите на Чешка и Русија

Ситуацијата со наводното труење на Алексеј Навални негативно влијае врз подготовките за консултации меѓу Чешка и Русија што страните имаат намера да ги одржат во согласност со Договорот за пријателски односи и соработка од 1993 година, изјави чешкиот министер за надворешни работи, Томас Петричек, во интервју за „Деник Н“.

И покрај фактот дека консултациите се предмет на билатерални односи, а за ситуацијата во врска со Навални Чешка ќе одлучи во рамките на ЕУ – ситуацијата се заканува да ги загрози претстојните консултации, рече тој.

И ситуацијата во Белорусија негативно влијаеше на подготовката на консултациите, чија цел е одмрзнување на чешко-руските односи. Поради настаните што се случуваат во Белорусија, почетокот на консултациите бил одложен, вели Петричек.

На 9 јули портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија е подготвена за разговори со Чешка на ниво на заменик-министри за надворешни работи, но нивната временска рамка не можеше да се утврди поради пандемијата.

„Ја потврдуваме нашата подготвеност за дијалог со Чешката Република на ниво на заменик-министри за надворешни работи, но состојбата со епидемијата нè спречува да ја одржиме оваа средба во догледно време. Од таа причина, ги повикуваме нашите чешки колеги да почнат консултации меѓу претставниците на нашите земји што е можно поскоро“, рече таа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков