Утрински Весник
Спорт

Сити ја победи УЕФА, суспензијата е тргната, казната намалена

Сити ја победи УЕФА, суспензијата е тргната, казната намалена
Dik 300x250 mk

Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана ја уважи жалбата на премиерлигашот Манчестер Сити и ја преиначи казната на УЕФА.

УЕФА го суспендираше Сити на две години од европските натпреварувања и парично го казни со 30 милиони евра поради кршење на правилото за финансиски фер-плеј. Таа одлука сега е поништена.

Со оваа одлука Манчестер Сити ја победи УЕФА, „граѓаните“ и следната сезона ќе бидат во ЛШ, а казната од 30 е намалена на 10 милиони евра.

Можно е оваа одлука да го промени фудбалот, а во Англија се чини дека беа сигурни во своите аргументи, па не стравуваа премногу дека можно е УЕФА да го врати клубот неколку чекори назад.

И менаџерот Пеп Гвардиола беше уверен во победа на Сити:

Понеделник е „Денот Д“ за „граѓаните“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс