Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Сите фудбалери на Интер го одбиле кратењето на две плати

Сите фудбалери на Интер го одбиле кратењето на две плати
300x250 opst2

Италијанскиот весник „Ла република“ тврди дека фудбалерите и тренерите на Интер го послушале претседателот Стивен Жанг, но одбиле да се откажат од две месечни плати да помогнат за стабилизирање на економската ситуација во новокрунисаниот италијански шампион.

Кинеските газди се надеваа дека фудбалерите, по еуфоријата со освојувањето на скудетото ќе прифатат кратење на платите за 2021/22, иако спортскиот директор Бепе Марота инсистираше дека не се работи за наредба, туку на барање на добра волја од фудбалерите.

Попладнево, „Ла република“ тврди дека нема договор и дека ниту еден од фудбалерите, ниту од придружниот тим не се согласиле на вакво кратење. Покрај тоа, се одбила и втората опција, двете плати за 2021/22 да се преместат во 2022/23.

„Сунинг“ подолго време имаат проблеми со протокот на финансиите, и бараат инвеститори во клубот, а постоеја шпекулации дека е можна и целосна продажба на клубот. По одбивањето на овој предлог, најверојатно дел од фудбалерите ќе бидат поставени на трансфер листата.

> Сите фудбалери на Интер го одбиле кратењето на две плати <

Можете да прочитате

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер