Утрински Весник
Македонија

Сите оператори од Крива Паланка кои ќе доставуваат храна за викендот да се пријават за дозволи

Утврден приоритет на три проекти за водовод и канализација во Крива Паланка

Крива Паланка, 7 април 2020 (МИА) – Сите деловни субјекти кои работата на подрачјето на Општина Крива Паланка што имаат можност само за онлајн продажба и дистрибуција на продукти, неопходно е да се пријават за работа во претстојниот викенд, 11 и 12 април, и да обезбедат дозвола од општината.

-Пријавата на деловниот субјект да биде проследена на меморандум со основните податоци на правниот субјект, како и листа со име и презиме на лицата ангажирани за оваа намена, заверена со печат и потпис на одговорното лице. Пријавите на соодветен начин ќе бидат евидентирани во ОВР Крива Паланка за работа во време на полициски час и со тоа ќе се стекнат со дозвола за вршење онлајн продажба и дистрибуција на храна и други неопходни продукти. Краен рок за поднесување на пријавите до општинскиот кризен штаб за Крива Паланка е четврток 9 април 2020 година, до 12 часот, на факс 031/375-035 или e-mail: gradonacalnik@krivapalanka.gov.mk, информираат од општинскиот кризен штаб на Крива Паланка.

Достава на храна, медикаменти и останати неопходни средства за старите и изнемоштени лица, лица во изолација, болни, лица со посебни потреби и останати социјално загрозени категории за време на забраната за движење за викенд и во останатите денови, ќе ги вршат мобилните тимови на Општинската организација на Црвен крст, Крива Паланка, а граѓаните можат да се јават на телефонскиот број 078 30 30 60.

Регистрираните земјоделци од општина Крива Паланка што имаат работни обврски на своите земјоделски површини, а кои се наоѓаат во атарот на селото во кое што живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење. Земјоделците чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото во кое живеат, задолжително треба да извадат дозвола за движење со претходно воспоставениот принцип и во термините кои се дозволени, преку Подрачните единици на МЗШВ.

Од општинскиот кризен штаб на Крива Паланка повикаа граѓаните доследно и одговорно да ги почитуваат сите заклучоци, мерки и препораки на Владата на Република Северна Македонија, со што ќе се превенира и редуцира ризикот од ескалирање на епидемијата на територијата на Општина Крива Паланка, а со тоа и опасноста за рапидно зголемување на бројот на заразени лица од Ковид-19. иб/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ