Утрински Весник
Македонија

Сите гранични премини затворени, се пропуштаат само камиони и овластени лица

МВР: ГП Прохор Пчински од утре затворен за патници и возила

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Сите гранични премини се затворени и за влез во земјава за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Андоновски: Имаме системски пристап кон употребата на Вештачката интелигенција

Кузеска: Врв на безобразие, 100 милиони евра за нов авион за Мицкоски наместо за плати, училишта и болници

Левица: Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен