Утрински Весник
Спорт

Сите во Сампдорија се излечени од КОВИД-19

Раниери се враќа во Италија, се договори со Сампдорија
Dik 300x250 mk

Џенова, 14 април 2020 (МИА) – Излечени се сите фудбалери на Сампдорија, кои биле заразени со коронавирус, според тренерот на тимот од Џенова, Клаудио Раниери.

– Сите наши играчи се излекувани. Јас бев многу тажен кога дознав дека има заразени фудбалери на тимот, но фала му на Бога, сè е во ред, прокоментира Раниери.

Првиот позитивен тест за КОВИД-19 на играч на тимот беше напаѓачот Маноло Габиадини минатиот месец, а после тоа стана јасно дека се заразени и Омар Коли, Албин Екдал, Антонино Ла Гумина, Мортен Торсби, Фабио Депаоли и Бартош Берешински.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен