Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Сиријски државјанин пронајден починат на патот кон планинскиот врв Кобилица

Сиријски државјанин пронајден починат на патот кон планинскиот врв Кобилица
Img 7972

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Во СВР Тетово вчера околу 11.00 часот планинар од тетовско планинарско друштво, кој се движел на тој терен со група планинари, пријавил дека над тетовското село Вејце, на патот кон планинскиот врв Кобилица, забележале безживотно машко тело.

Екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина со хеликоптер на МВР се упатиле на местото и извршиле увид, при што била констатирана смрт без траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било пренесено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

При увидот, било утврдено дека најверојатно станува збор за 32-годишниот сириски државјанин М.Р., кој поседувал фалсификувани документи на име на друго лице од Шпанија, а кој на 28 декември минатата година во СВР Тетово бил пријавен како исчезнат. цр/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Штрајк во М-НАВ, затворање на македонското небо на 20 и 24 октомври – директорот спречува синдикални состаноци

Уште 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции се пристигнати во ФЗО

Приведен косовски државјанин, на граничен премин се легитимирал со фалсификувана полициска легитимација