Утрински Весник
Свет

Сириец убил тинејџер кој му задоцнил на работа

Сириец убил тинејџер кој му задоцнил на работа

Сопственик на сириска продавница во северниот регион Алепо го убил својот 15-годишен вработен затоа што задоцнил на работа, посочи сириското Министерство за внатрешни работи, пренесува САНА.

Сириското Министерство во изјавата на својата официјална страница на „Фејсбук“ соопшти дека момчето било пренесено на одделот за интензивна нега во локалната болница со интракранијално крвавење и фрактури на черепот за кои сопственикот на продавницата тврди дека биле предизвикани од пад од голема висина во продавницата.

Според соопштението на Министерството, сопственикот на продавницата во текот на истрагата признал дека неколку пати го удрил малолетникот со тврда пластична цевка по главата бидејќи тој постојано доцнел на работа.

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија