Утрински Весник
Спорт

Синот на Михаел Шумахер ќе дебитира во Ф1 на „Нирбургринг“

Синот на Михаел Шумахер ќе дебитира во Ф1 на „Нирбургринг“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ферари потврди дека тројца возачи од нивната академија ќе добијат прилика можност да возат Ф1 болиди до крајот на актуелнава сезона.

Мик Шумахер, синот на седумкратниот светски Ф1 шампион, Михаел Шумахер ќе дебитира за десетина дена, на домашен терен на патеката „Нирбургринг“.

Шумахер помладиот ќе го вози „Алва ромеото“ на Антонио Џовинаци на првиот слободен тренинг. Освен него, шанса за Ф1 промоција ќе добијат и Калум Илот, односно Роберт Шварцман.

Пред натпреварувачкиот викенд во Германија, тројцата перспективни возачи ќе го тестираат болидот наа Ферари од 2018 година, во италијанската патека „Фиорано“.

„Сакаме да организираме тестирање за нашите најдобри тројца млади возачи да се подготват содветно за случувањето кое ќе им остане во убаво сеќавање. Тоа ќе им биде можност да го запознаат болидот за Формула 1 кој е многу покомплициран за разлика од оние кои тие сега ги возат“ – изјави спортскиот директор на Ферари, Лорен Мекис.

Мик Шумахер моментно е водечки во Формула 2 со дури 22 бода повеќе од Илот, а до крајот на сезоната се вози уште само една трка, онаа во Бахреин.

Михаел Шумахер на „Нирбургринг“ победуваше петпати, еднаш во болидот на Бенетон и четирипати со Ферари.
Последен пат на славната германска патека возеше во 2006 година.

> Синот на Михаел Шумахер ќе дебитира во Ф1 на „Нирбургринг“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов