Утрински Весник
Свет

Москва ги затвора училиштата на две недели

Руски суд казни монах за негирање на постоењето на коронавирусот

Москва од следниот понеделник ќе ги затвори училиштата на две недели поради брзиот раст на бројот на заразени со коронавирус.

Русија во последните 24 часа евидентирала повеќе од 8.200 нови случаи, со што продолжи да расте бројот на новозаболени, што е најголем во последните три месеци.

Затворањето на училиштата од 5 до 18 октомври се смета за празник за учениците затоа што училишните часови нема да се префрлат на Интернет, како што беше случајот за време на последниот карантин, објави канцеларијата на градоначалникот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Видео) Русија фрли бомба од три тона врз украински град

Американските сили извршија нови напади врз воени цели во Иран

Трамп: Врховниот лидер на Иран веројатно е исчезнат