Утрински Весник
Македонија

Синовите на Мијалкови претепале момче во скопско кафуле

Синовите на Мијалкови претепале момче во скопско кафуле

Помладиот син на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков и синот на Влатко Мијалков, поранешниот директор на Царинската управа, се на распит во полициска станица, откако било пријавено дека во група со уште тројца, вчеравечер претепале 19-годишно момче во скопско кафуле.

„На 27.03.2021 во 00.30 часот во Полициска станица Центар, И.С.(19) од Скопје пријавил дека на 26.03.2021 околу 21.45 часот во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Ж.К., А.М., М.К., Ф.М., С.Р. и И.С.. Лицата се повикани во полициска станица и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Според неофицијални информации, тепачката прво започнала во кафулето, а продолжила надвор на улицата, во скопско Дебар Маало.

Повреденото момче прво било пренесено во болница, за да му се санираат повредите, а потоа, половина час по полноќ, момчето го пријавило случајот во полициска станица.

Можете да прочитате

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева

Македонија е избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) (2025–2027)

СДСМ: Скопје и Аеродром со ВМРО-ДПМНЕ го живеат најголемиот ужас од своето постоење