Деновиве, во издание на издавачката куќа „Восток“ излезе романот „Синовите на Адам“ на реномираниот македонски писател Михајло Свидерски.
Синовите на Адам е роман за хероите кои смело се извлекуваат од мракот и чекорат кон светлината. Приказната нѐ води низ најпотресните случувања на македонското транзициско општество, и укажува на последиците што обично ги понедуваат недолжните.
Романот обработува потресна, вистинска животна приказна за страдањето на едно дете, кое паѓа во мрежите на настраните забави како објект на мрачните уживања на елитите. Во големите куќи на елитните населби на Скопје, во темните соби се носат деца заради забава. Рајот за оние што можат да си дозволат сѐ што ќе посакаат станува пекол за оние што излегуват оттаму.
Романот отвора досега неотворени и табуизирани теми во македонската книжевност, што го прави Свидерски редок автор што ѕирнува во најтемните страни на македонското транзициско општество.
Михајло Свидерски е автор на три романите „Бело и Црвено“, „Последните денови на Ханс“ и „Синовите на Адам“ како и на четири поетски збирки. Добитник е на повеќе домашни и меѓународни награди. Преведуван е на англиски, руски, арапски, шпански, грчки, унгарски, баскиски, српски, бугарски и други.
Текстот „Синовите на Адам“ ново книжевно остварување на Михајло Свидерски е превземен од МАКФАКС.