Утрински Весник
Македонија

Синдикатот на УКИМ го одложи протестот најавен за 30. јуни

Ss2

Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска донесе одлука да го одложи протестот што беше најавен за 30. јуни бидејќи добиле одговор од Владата дека за нивните барања ќе разговараат со надлежните министерства.

„Ве информираме дека од Владата на РСМ добивме одговор на нашите барања за потпишување колективен договор и покачување на платите со кој се задолжуваат министерствата за образование и наука и за финансии за разговори во врска со нашите барања, и покрај тоа што основач на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е Собранието, со кое Синдикатот водеше преговори и го усогласи во целост нормативниот текст од колективниот договор, освен делот на покачување на платите“ се наведува во соопштението.

Ss1

Сојузот на синдикати на УКИМ очекува дека Владата и двете министерства ќе ги разгледаат нивните, како што наведува „оправдани и разумни барања и позитивно ќе одговорат“ и додава дека со одлуката за одложување на протестот сакаат да овозможат егзистенцијалните барања да ги остварат низ дијалог.

„Но, доколку нашите барања не бидат прифатени, ќе организираме протести и септемвриската испитна сесија нема да биде спроведена“ – стои во дописот од Сојузот на синдикати на УКИМ потпишан од неговиот претседател проф. д-р Ангел Ристов.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Мицкоски и ДПМНЕ играат опасна игра која ќе стави крај на европската, но и демократската перспектива на земјата

Скандалозна порака на владиката Петар: Внимавајте за кого ќе гласате

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски дома (фото)