Утрински Весник
Македонија

Синдикатот на РЕК Осломеј донираше заштитни средства во болницата во Кичево

Синдикатот на РЕК Осломеј донираше заштитни средства во болницата во Кичево

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Синдикатот на РЕК Осломеј донираше заштитни средства во Медицинскиот центар-Кичево.

Како што соопшти ЕСМ, донирани се 2.000 ракавици, 1.000 маски, 120 пакувања средство за дезинфекција и извршена е дезинфекција на просториите на болницата.

Синдикатот на РЕК Осломеј уште на почетокот на здравствената криза обезбеди заштитни средства и за вработените во комбинатот со цел превенција на ширење на корона вирусот, како што се маски, ракавици, дезинфекциони средства и дезинфекција на работните простории.

 

Набавени се и ласерски термометри за мерење на телесната температура на вработените при влез во термоелектраната, односно пред пристапување на работното место, се наведува во соопштението. ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка

ВЛЕН: Честит Курбан Бајрам на сите граѓани од исламска вероисповед

Уапсени двајца криумчари на мигранти од Косово, одреден им е притвор од 30 дена