Утрински Весник
Магазин

Синдикатот на американски актери решава дали ќе го исклучи Трамп

Синдикатот на американски актери решава дали ќе го исклучи Трамп

Американската федерација на ТВ и радиоуметници (АФТРА) ќе одржи состанок на кој ќе решава за исклучување на американскиот претседател Доналд Трамп од своите редови.

Синдикатот САГ-АФТРА, кој обединува околу 160.000 актери, новинари и други медиумски професионалци, во соопштението вели дека свикал состанок на својот дисциплински комитет во врска со улогата на Трамп во насилниот упад на толпата во американскиот Капитол на 6 јануари.

„Доналд Трамп ги нападна вредностите што ова здружение ги смета за најсвето – демократијата, вистината, почитта кон нашите сограѓани од сите раси и вери и светоста на слободниот печат“, рече Габриел Картерис, претседателка на САГ-АФТРА.

„Рамна е линијата од неговото безобразно непочитување на вистината до нападите врз новинари извршени од неговите следбеници“, додаде таа во изјавата.

Трамп стана член на САГ од неговите појавувања во неколку холивудски филмови и ТВ-емисии, почнувајќи од „Сам дома 2“ до „Сексот и градот“ во раните 90-ти.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 12 март 2026

Овие хороскопски знаци најдобро знаат да чуваат тајни

Природни намирници кои можат да помогнат при чир на желудник