Утрински Весник
Свет

Сингапур одобри продажба на пилешко месо создадено во лабораторија

Сингапур одобри продажба на пилешко месо создадено во лабораторија
300x250 (7)

Сингапур одобри продажба на пилешко месо произведено во лабораторијата на една американска компанија, пренесува РТ.

Сингапурската агенција за храна (SFA) преку соопштение информира дека е дозволена продажба на пилешкото месо сoздадено во лабораториска средина од американската компанија „Ит џаст“ (Eat Just).

300x250 (7)

Во соопштението се наведува дека пилешкото месо произведено во лабораторијата на „Ит џаст“ е безбедно за консумирање.

Коосновачот и извршен директор на „Ит џаст“, ​​Џош Тетрик, истакна дека пилешкото месо создадено од животински мускулни клетки во лабораторија за кусо време ќе биде достапно во еден ресторан во Сингапур.

Месото прво ќе се дистрибуира до рестораните, а подоцна и до потрошувачите во малопродажба. Продукциските трошоци сè уште се високи бидејќи технологијата е сè уште во рана фаза, па и цената на ова месо ќе биде како производ од премиум квалитет.

Тетрик ја опиша иницијативата на „Ит џаст“ како значаен чекор за глобалната прехранбена индустрија и истакна дека очекуваат другите земји да ја дозволат продажбата на ова месо.

Тетрик исто така изјави дека не се користат антибиотици во процесот на производство на месото.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Во светот денес се одбележува Меѓународниот ден на миење раце

Илјадници луѓе протестираа во Тел Авив за ослободување на заложниците и против премиерот

И Порошенко се најде на руска потерница