Утрински Весник
Спорт

Симеоне им врати на критичарите: Рибата умира преку устата

Симеоне им врати на критичарите: Рибата умира преку устата

Тренерот на Атлетико Мадрид бесно одговори на своите „таканаречени колеги“ кои го критикуваа неговиот тактички пристап при првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите на гости кај Манчестер сити, кога загубија со 1:0.

Аргентинецот создаде репутација со градење на дефанзивни тимови, со кои стигна до една титула во Ла лига и до финале во Лигата на шампионите со „рохибланкос“, но по крајно дефанзивната тактика против Сити, со 5-5-0 формација која беше наречена „праисториска“ од Пеп Гвардиола и беше јасно критикувана од легендарниот поранешен тренер на Милан, Ариго Саки, тој реши д им одговори.

„Го кажувам истото постојано. Тука сум од 2005/06 и ниту еднаш не сум зборувал негативно за било кој мој колега. Секогаш се обидувам да се поставам во позицијата на друг тренер и секогаш има различен начин да го искажеш своето мислење. Кога не покажуваш почитување не го споделувам тоа, но тука се сите мислења на новинарите, поранешните играчи и некои кои не играле долго фудбал. Како што велеше мојот татко: ‘Рибата умира преку устата’. Тоа во Аргентин значи дека зборовите се бесплатни и секој може да зборува. Јас секогаш сум ги почитувал моите колеги“, вели Симеоне.

Саки: Да признаеме, Атлетико на Симеоне игра досаден фудбал

Капитенот Коке му врати на Гвардиола за коментарот за „праисториската“ 5-5-0 формација

> Симеоне им врати на критичарите: Рибата умира преку устата <

Можете да прочитате

Меси, Мбапе, Халанд…кој ќе биде најдобар стрелец на СП?

Лионел Меси стана најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства

РК Вардар по четири години се враќа во Лигата на шампиони