Утрински Весник
Економија

„Сименс“ им нуди на вработените трајно да работат од дома

„Сименс“ им нуди на вработените трајно да работат од дома

Индустрискиот конгломерат „Сименс“ планира трајно да им овозможи на повеќе од 140.000 вработени да работат надвор од канцеларијата два или три дена во неделата.

Компанијата соопшти дека кризата предизвикана од коронавирусот покажала дека работата што не зависи од фиксната локација нуди многу предности и дека е можна во многу поголем обем, отколку што се претпоставувало.

Во соопштението се вели дека истражувањата спроведени меѓу вработените во „Сименс“ ширум светот покажале желба за поголема флексибилност. Планот се однесува на повеќе од 140.000 вработени на над 125 локации во 43 земји и стапува на сила веднаш.

Компанијата изјави дека концептот за „работа со мобилни телефони“ не мора да значи работа од дома, но дека вработените во консултација со претпоставените ќе ги изберат локациите за работа каде што се најпродуктивни. Ова, на пример, може да биде и простор каде што повеќе од нив ќе работат заедно.Сименс рече дека нивниот нов пристап ќе биде во согласност со локалните законски и специфични барања за работа, како и индивидуалните желби.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското Море

Стопанска комора бара повлекување на законот за игри на среќа

Филипче: Владата должи 200 милиони евра за поврат на ДДВ – фирмите се пред колапс