Откако неговата поранешна сопруга Хајди Клум изјави дека тој многу ретко ги гледа своите деца, Сил го возвраќа ударот со тврдење дека таа има скриена агенда.
Поранешниот супермодел Хајди (47) и пејачот Сил (Хенри Оласган Адеола Семјуел), 57, беа во брак од 2005 до 2014 година и тие имаат четири деца заедно, Хелен (16) Хенри (14), Јохан (13), и Лу (10), а сега Сил тврди дека Хајди сака да ги однесе во родната Германија за да ги видат нивните баба и дедо.
Овие тврдења произлегуваат од судските документи поднесени од Сил на 19 август, до кои дојде порталот „Холивуд лајф“, како одговор на одлуката на Хајди да бара дозвола за да ги однесе децата во Германија од октомври до декември 2020 година, додека снима емисија за мода.
„Мислам дека Хајди има таен план да ги пресели децата во Германија,“ пејачот вели во судските документи.
„Барањето на Хајди, доколку биде одобрено, може всушност да ги оддалечи децата од мене и од нивниот дом овде во Лос Анџелес, а нивниот престој во Германија може да биде на неопределено време со оглед на неизвесноста и влијанието на Ковид-19 врз патувањата и ограничувања кои се менуваат од ден на ден, што може да ги спречат децата да ја напуштат Германија или да влезат во САД“, додава тој во документот до судот.
Хајди и Сил беа еден од најомилените холивудски парови. Тие на секоја годишница од бракот ги обновуваа своите завети.