Утрински Весник
Свет

Силно невреме ја погоди Грција, на удар познато летувалиште

Силно невреме ја погоди Грција, на удар познато летувалиште
Dik 300x250 mk

Невреме проследено со обилен дожд утрово предизвика големи проблеми и штети во Грција.

Во неколку општини на Атика ветрот откорна дрвја и уништи куќи.

Иако не траеше долго, невремето беше силно и нанесе голема штета, особено во областите Неа Јониа, Перистери, Егалео, Галаци и Нео Ираклио, каде паднале дрвја, искинати се настрешници и оштетни се покриви на куќи, додека некои куќи се поплавени, пренесе АНА.

Поради невремето дошло и до прекин на струјата во некои места.

Во Нео Ираклио се откорнати стебла на главните улици предизвикаа големи проблеми во сообраќајот, па општинските власти мобилизираа екипи за одржување да ги санираат штетите и да ги отстранат сите откорнати стебла, како и сите други кои може да паднат.

Невремето го погоди и познатото летувалиште Неос Мармарас на Халикидики.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа