Утрински Весник
Свет

Силни земјотреси ја погодија Турција

Силни земјотреси ја погодија Турција

Земјотрес со јачина од 4,7 степени ја погоди централна Турција, објави Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

АФАД на својата официјална веб-страница објави дека земјотресот се случил во 18:51 часот по локално време во областа Тузлукчу. Земјотресот бил на длабочина од седум километри.

„Досега не се пријавени жртви“, напиша министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу на Твитер.

Во истата област биле регистрирани уште два земјотреса, со јачина од 4 степени во 18 и 52 часот и од 4,1 степени од 18 и 33 часот.

Турција е меѓу најсеизмички активните зони во светот. Минатиот октомври, силен земјотрес со јачина од 6,6 степени ја погоди егејската провинција Измир, при што загинаа најмалку 116 лица, а над 1.000 беа повредени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков